Достапни линкови

Романија завеана од снежно невреме


Повеќе од 12 часа поголемиот дел на Романија е зафатен од невреме проследено со обилни снежни врнежи и силен ветер, што речиси целосно ја парализира земјата. Како што јавија романските медиуми, поради невремето затворени се сите пристаништа на Црното Море, а сообраќајот е во прекин и на десетици патни правци, како и на одделни железнички линии во земјата. Во делови на Романија веќе е формирана снежна покривка во висина од половина метар, а повеќе села на југот од земјата останаа без струја, поради оштетувања на далноводната мрежа. Локалните власти во Букурешт донесоа одлука за прекин на наставата во училиштата.Засега нема податоци за евентуални жртви, а за справување со последиците од невремето се ангажирани околу 6.000 полицајци и пожарникари.

XS
SM
MD
LG