Достапни линкови

Вучиќ: Ајде на избори


Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека одлучил да се одржат вонредни избори бидејќи на Владата и е потребна целосна стабилност и полн четиригодишен мандат, по кој веќе нема да има враќање на старо. Тој во своето обраќање пред членовите на владејачката партија истакна дека му е потребен полн мандат за да донесе тешки одлуки со кои ќе се спроведат темелни реформи и државата до 202- година ќе биде пред вратата на ЕУ.

„ Затоа е ова моја одлука ,а не повик на кој денеска ќе се изјаснуваме, да идеме на избори, за иднината на Србија“ изјави Вучиќ.

Вучиќ не прецизираше датум , но побара од члнеството да го одложат конгресот за 21 мај, со цел да се обезбеди апсолуто единство до изборите и доколку има лоши резултати да им се овозможи на членовите да изберат ново раководство.

Се очекува изборите да бидат закажани заедно со локалните кои се предвидени да се одржат на почетокот на мај.

XS
SM
MD
LG