Достапни линкови

Македонската репрезентација вечерва игра против домаќинот


Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за противник ќе го има домаќинот селекцијата на Полска. Вардаровиот ракометар Филип Лазаров вечерва ќе биде во составот на Македонија на мечот против Полска, во рамките од 2. коло на А групата на Европското првенство. Тој го пропушти првиот меч против Франција, бидејќи ја немаше залечено повредата со која се здоби на вториот контролен меч со Словенија во рамките од подготовките за ова првенство.

Полјаците, кои важеа за фаворити во дуелот против Србија, не прикажаа силна игра во првото коло, па мечот го добија минимално со еден гол разлика. Селекторот Ивица Обрван вели дека не очекува тежок натпревар со домаќинот кој имаше тешко отворање со Србија. „Очекувам ние да го повториме пристапот и ангажираноста како против Франција, да имаме и поволен резултат, да освоиме бод или два и да одиме со полна сила и најдобриот состав што го имаме, изјави Ибрван.

Досега Македонија во два наврати ја доби Полска на големите натпреварувања. Во 2009 година во Вараждин на СП во Хрватска, црвено-жолтите ја совлада Полска со 30-29. Три години подоцна на ЕП во Србија, во меч од втората рунда, Македонија славеше со 27-25.

XS
SM
MD
LG