Достапни линкови

Најмалку 300 загинати и 400 киднапирани од ИС во Сирија


Екстремистичката група Исламска држава киднапирала околу 400 луѓе, меѓу кои жени и деца во текот на освојувањето на нови територии во Сирија, соопшти сириската опсерваторија за човекови права . Во нивното соопштение е наведено дека заробените луѓе ги преместиле од селото Ал Багхалеј кое било под владина контрола во северниот крај на градот Деир ал Зур, по вчерашниот голем напад во тој регион. Во продолжение се вели дека меѓу киднапираните се и членови на семејството на провладини борци и дека стравуваат оти ќе бидат убиени со изговор дека биле лојални на режимот.

Претходно сириската државна новинска агенција јави дека најмалку 300 луѓе се убиени од страна на припадници на ИС во нападите во Деир Ал Зур.

XS
SM
MD
LG