Достапни линкови

logo-print

Амбасадата на САД: Македонија може да успее само преку веродостојни избори


Aмериканската амбасада во Скопје синоќа соопшти дека Македонија може да успее само преку веродостојни избори, а тоа ќе бара од сите четири партии да направат тежок избор. По пропаднатите преговори, од амбасадата порачуваат дека договорот од Пржино останува вистинскиот и најдобриот пат за излез од политичката криза.

„Како и европската унија, ние целосно го поддржуваме спроведувањето на договорот и сме ангажирани да и помогнеме на Македонија при неговото исполнување. Жал ни е што четирите политички лидери не успеаја вчера да постигнат консензус за отворените прашања, особено во однос на датумот на изборите и медиумите. Ќе останеме и понатаму во контакт со партиите и институциите. САД сакаат Македонија да успее и начинот за да го направи ова е преку веродостојни избори. Тоа ќе бара од сите четири политички партии да направат тежок избор“, оценуваат од американската амбасада во Македонија во писмено соопштение.

XS
SM
MD
LG