Достапни линкови

Иванов: Крајно време е доследно да се спроведе договорот од Пржино


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ги повикува лидерите на политичките партии да покажат одговорност кон граѓаните и да стават крај на политичката криза која предолго не оптеретува. Крајно време е доследно, без натамошно одолговлекување,да го спроведат политичкиот договор од Пржино, е наведено во писмената изјава на Иванов.

Претседателот Иванов оценува дека е недозволиво несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност. Не може да се избегнуваат обврските од договорот, а со тоа да се доведe во прашање европската и евроатланската перспектива на Македонија, подвлекува Иванов.Тој додава дека она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.

XS
SM
MD
LG