Достапни линкови

logo-print

ЕУ и САД ги повлекоа санкциите кон Иран


Иранскиот претседател Хасан Рохани го поздрави укинувањето на меѓународните санкции кон неговата земја. Тој изјави дека со историскиот нуклеарен договор со светските сили се отворени прозорците за ангажирање на Техеран со светот. Тој пред Парламентот денеска изјави дека договорот е „пресвртна точка“ за економијата на Иран додавајќи дека енергетски богата земја треба помалку да биде зависна од приходите од нафтата. Нуклеарното надзорно тело на Обединетите Нации соопшти дека Техеран ги исполни ветувањата дадени во јули минатата година. Оваа информација повлече брз процес на укинување на меѓународните санкции кон Иран. Европската Унија соопшти дека ќе ги повлече сите економски и финансиски санкции кои се поврзани со нуклеарната иранска програма. Истото го стои и Вашингтон.

Рохани изјави дека нуклеарниот договор е можност која треба да се искористи за развој на земјата, за подобрување на благосостојбата на нацијата и да се создаде стабилност и безбедност во регионот.

XS
SM
MD
LG