Достапни линкови

Меѓу загинатите во Буркина Фасо има странски државјани


Четворица од убиените во вчерашниот терористички напад во хотелот во главниот град на Буркина Фасо беа украински државјани соопшти украинското министерство за надворешни работи.При нападот загинале вкупно 29 луѓе, а одговорност за нападот ја презеде крило на терористичката организација Ал Каеда. Најмалку 10 од жртвите се странски државјани вклучувајќи канадиски,француски и американски државјани.

Напаѓачите од кои две биле жени загинале при престрелката со безбедносните сили. Претседателот на Буркина Фасо Рок Марк Кристијан Каборе го осуди и опиша нападот како кукавички и злобен чин.

XS
SM
MD
LG