Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза – ветровито и студено


Времето ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час. Минималните температури ќе се движат од минус четири до два степени. Дневната температура ќе се движи од минус пет до два степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и студено со температура од минус еден до минус два степени.

На територијата на цела Македонија има врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите од дожд се со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

XS
SM
MD
LG