Достапни линкови

Меркел: Германија и Турција заедно против тероризмот


Германската канцеларка Ангела Меркел пред меѓувладините германско-турски консултации, истакна дека официјален Берлин во борбата против тероризмот мора да биде со Турција, додавајќи дека за решавање на сирискиот конфликт Анкара има важна улога. Меркел во видео порака нагласува дека токму поради тоа постојат контакти на министрите за внатрешни работи и разузнавачките служби на двете земји.

„По терористичките напади во Анкара и Истанбул минатиот вторник, постојат уште повеќе причини за спроведување на први германско-турски меѓувладини консултации, изјави Меркел.

Според Меркел консултациите се планирани подолго време и треба да придонесат и за зајакнување на економските врски.

XS
SM
MD
LG