Достапни линкови

Над 29 илјади бегалци минале низ Македонија годинава


Во последното деноноќие издадени 2.119 бегалци добиле потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.215,Авганистан – 476 и Ирак - 428. Од почетокот на годинава до денеска низ Македонија транзитирале над 29 илјади бегалци.

XS
SM
MD
LG