Достапни линкови

logo-print

Зафир: Голем ден за Иран


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека од денеска ќе бидат укинати меѓународните санкции кон Техеран. Зариф во Виена изјави дека „денеска е добар ден за светот и добар за регионот“. Ваквиот коментар доаѓа пред денешната средба во Виена меѓу иранскиот министер Зариф, американскиот државен секретар Џон Кери, и шефот за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини. Главна тема на средбата е напредокот на спроведувањето на договорот меѓу светските сили и Техеран потпишан минатата година во јули. Според договорот Иран, се согласи да ја намали нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции.

Се очекува денеска нуклеарното надзорно тело на Обединетите Нации да потврди дека Иран го испочитувал договорот и со тоа да бидат укинати санкциите.

XS
SM
MD
LG