Достапни линкови

Хан:Ние ќе обезбедиме поддршка за фер и демократски избори


Еврокомесарот Јоханес Хан утрово на својот официјален твиитер профил објави дека и покрај финалната одлука на политичките партии тие ќе обезбедат поддршка за фер избори.

„Ве уверувам дека без оглед на конечната одлука донесена од страна на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат демократски фер избори“, напиша Хан.

Претходно исходот од синоќешните неколку часовни преговори беше негативен. Партиите не се договорија за прашањето дали изборите да се оддржат на 24 април или да се одложат.

СДСМ соопшти дека нема да оди на избори доколку тие се одржат на 24 април, додека останатите три партии во преговорите, според еврокомесарот Јоханес Хан, биле сложни за датумот и гарантирале исполнување на договорот. Премиерот Никола Груевски го обвинува лидерот на СДСМ Зоран Заев за пропаѓањето на преговорите.

XS
SM
MD
LG