Достапни линкови

logo-print

Заев - Преговорите во Пржино пропаднаа


По седумчасовни преговори во резиденцијата на евроамбасадорот во Пржино, лидерот на СДСМ Зоран Заев во куса изјава за новинарите, на еден час по полноќ изјави дека преговорите се пропаднати, пренесува НоваТВ.

„СДСМ нема да учествува на изборите доколку тие се одржат на 24 април и доколку дотогаш не се решат сите прашања предвидени до Договорот во Прижино“, рече Заев.

Повеќе детали за она што се случувало на маратонската средба тој најави за утре.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи кој истовремено ја напушти средбата не сакаше да даде изјава, туку рече дека тоа ќе го направи еврокомесарот Хан.

XS
SM
MD
LG