Достапни линкови

Мозочна смрт поради клиничко тестирање лекови во Франција


Едно лице доживеа мозочна смрт, а петмина се во сериозна состојба во болница, при клиничко тестирање на нов лек, соопшти француското Министерство за здравство. Министерката Марисол Турен изјави дека шесте доброволци учествувале во „испитувања на нов орален лек развиен од европска лабораторија“ во градот Рен во северозападна Франција. Испитувањата се запрени, а обвинителството соопшти дека отворило истрага. Не е познато за што биле лековите што се испитувале. Секоја година, илјадници доброволци, вклучително и студенти, во обид да заработат пари учествуваат во вакви клинички испитувања на лекови.

XS
SM
MD
LG