Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу руските сили и исламисти во Кабардино-Балкарија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Руските власти соопштија дека осомничени вооружени милитанти се опколени во една куќа за време на антитерористичка операција во немирната јужна република Кабардино-Балкарија. Властите во оваа севернокавкасна република денеска соопштија дека има престрелка меѓу руските сили и опколените милитанти во Налчик, главниот град на оваа руска република. Жителите на околните куќи се евакуирани. Во Северен Кавказ во Русија, каде што мнозинството жители се муслимани, често има престрелки меѓу безбедносните сили и исламистичките милитанти.

XS
SM
MD
LG