Достапни линкови

logo-print

Осум цивили загинати во американските напади против ИД


Илустрација.

Илустрација.

Американската армија соопшти дека осуммина цивили веројатно биле убиени, а тројца биле ранети во пет различни воздушни напади против цели на Исламската држава во Ирак и во Сирија минатата година. Двајца цивили биле убиени во април, а тројца во јуни. Американската централна команда денеска соопшти дека истрагата покажала дека при нападите се почитале законите на војување и оти биле преземени соодветни мерки на претпазливост. Американската армија соопшти дека жали за „ненамерната загуба на животи и повредите во таквите воздушни напади“.

XS
SM
MD
LG