Достапни линкови

logo-print

Пакистан во акција против исламистички организација


Пакистанските власти соопштија дека затвориле неколку верски училишта под контрола на екстремистичката организација Џаиш е Мохамед. Повеќе од десетина луѓе исто така биле уапсени во рација на полицијата во џамија во близина на градот Даска. Неколкумина членови на забранетата Џаиш е Мохамед беа уапсени оваа недела, меѓу кои и нејзиниот лидер Мулана Масуд Азар. Индија обвини дека организацијата стои зад нападите врз воздухопловната база Патанкот во близина на границата со Пакистан на 2 јануари. Во нападот загинаа седуммина индиски војници и сите шестмина напаѓачи. По нападот, Индија и Пакистан ги одложија разговорите што беа закажани за денеска. Исламабад соопшти дека ќе се преземе акција против организацијата чие седиште е во провинцијата Пенџаб.

XS
SM
MD
LG