Достапни линкови

Изборите не се само датум


Заев вели дека треба да се обезбедат фер услови за изборите, да се среди избирачкиот список и медимите. Груевски по средбата со Хан брзаше да отвори фабрика, а лидерите на ДУИ и ДПА велат дека треба да има избори на 24 април.

Во резиденцијата на Европската унија во Пржино еврокомесарот Јоханес Хан на одвоени, па на заедничка средба со лидерите на четирите партии постписнички на договорот, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. По одделната средбата со еврокомесарот претпладнево лидерот на СДСМ Заев рече дека денеска се очекувало да се направат сите калкулации за тоа дали има услови за фер избори.

Сите пресметки ќе се направат, како што гледате условена е оставката на премиерот. И самиот е свесен дека не се стигнува со роковите за избирачкиот список, нешто што секако беше важно уште пред „бомбите“, нешто што е императив. Делот за избирачкиот список, медиумите се лесно мерливи величини.
Зоран Заев,СДСМ.

„Сите пресметки ќе се направат, како што гледате условена е оставката на премиерот. И самиот е свесен дека не се стигнува со роковите за избирачкиот список, нешто што секако беше важно уште пред „бомбите“, нешто што е императив. Делот за избирачкиот список, медиумите се лесно мерливи величини“, рече Заев.

Груевски пак по средбата на која дојде заедно со министрите Зоран Ставревски, Никола Тодоров и Никола Попоски, шефот на кабинетот Мартин Протуѓер и координаторот на пратеничката група Илија Димовски не коментираше што зборувале на речиси едночасовниот состанок со комесарот.

Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика, рече Груевски.
Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика, рече Груевски.

„Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика“, рече Груевски.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред одделната средба со комесарот Хан рече дека секое одложување на изборите ќе значи и одложување на кризата. А првиот човек на ДПА Мендух Тачи пред да влезе во резиденцијата на ЕУ во Скопје нагласи дека треба да има избори на 24 април како што било договорено и во Договорот од Пржино и во изборниот законик.

Инаку Хан во Скопје го дочекаа нерешени прашања за прочистувањето на избирачкиот список и медиумите но клучното прашање околу кое се разговора со лидерите всушност е датумот за изборите дефиниран и во пржинскиот договор и во измените на изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот неколку пати кажан дека 24 април е бетониран термин за избори, а СДСМ пак стои на позицијата дека по денешната ревизија на спроведенето треба да се утврди дали се исполнети условите за чисти избори.

Според извори вклучени во работната група која ја предводи посредникот Питер Ванхауте вчера немало речиси никаков напредок за прашањата за медиумите и правилникот за избори, па се очекува денеска со Хан да се утврдат насоки за како да се решат овие теми а по неговото заминување работните групи да продолжат со состаноците.

Портпаролката на комесарот Маја Коцијанчич вчера нагласи дека Хан на средбите во Скопје

ќе ги потсети лидерите на нивната обврска да го имплементираат договорот и да обезбедат услови за кредибилни избори според роковите кои се договорени.

И министерот за надворешни работи на Холандија Берт Коендерс, земја која од први јануари претседава со Европската унија вчера во обраќањето пред комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент нагласи дека сериозно загрижени за кревката политичката ситуација во земјава. И тој рече дека спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули, слободни и фер избори во април како и имплементација на итните реформски приоритети од Европската комисија според нив се клучни за враќање на довербата во јавноста и во политичкиот систем.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG