Достапни линкови

Во Ерменија 11 починати од свински грип


Ерменските власти соопштија дека во земјата починале 11 луѓе од свински грип во последните два месеци. Министерството за здравство денеска соопшти дека вчера починала 61-годишна жена од вирусот Х1Н1. Во моментов 92 пациенти се во различни болници со симптоми на грип, а 11 од нив се во сериозна здравствена состојба. Зимскиот распуст за средношколците е продолжен за уште една недела, до 25 јануари, поради грипот. Властите сепак велат дека нема епидемија.

XS
SM
MD
LG