Достапни линкови

logo-print

Заврши средбата на Хан со Заев, сега со Груевски


Во резиденцијата на Европската унија во Пржино заврши средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. По средбата на која дојде со потпреседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар на партијата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Заев рече дека опозицијата била таа која сакала чесно да се постави и да им обезбеди на граѓаните фер и слободно изразување на изборите, а за тоа морало да бидат исполнети условите.

„Премиерот ја депонира својата оставка, иако е самиот свесен дека не се стига со проверката на Избиричкиот список и преговорите за медиумите, а тоа е императив. Денеска ќе се разговара детално, сите партиципиенти имаме обврска чесно да настапиме пред граѓаните“, рече Заев.

По него на средба со Хан пристигна и премиерот Никола Груевски во придружба на министрите Зоран Ставревски, Никола Тодоров и Никола Попоски, шефот на кабинетот Мартин Протуѓер и координаторот на пратеничката група Илија Димовски. По завршувањето на состанокот се очекуваат одделни средби на Хан со лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи а потоа и заедничка средба.

XS
SM
MD
LG