Достапни линкови

Мерките против загадувањето се земаат како на шега


Проблемот со загадениот воздух се третира несериозно од страна на Владата. Секоја година се прават парцијални решенија без да се согледаат штетите од загадувањето.

Министерството за животна средина и просторно планирање при крајот на минатата година предложило препораки за намалување на загадувањето во земјата кои биле разгледани и на седница на Влада. Дел од препораките беа прифатени, но дел од нив не, вели министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во интервју за Радио Слободна Европа кое ќе биде емитувано во недела. Меѓу мерките кои не биле прифатени, според него, е возењето пар-непар со цел да се намали загадувањето на воздухот од автомобилите.

Јавното претпријатија за транспорт и градоначалникот на Град Скопје укажа дека не се подготвени да обезбедат дополнителни средства за транспорт и затоа Владата размислува во тие среднорочни и долгорочни мерки за решение со транспортот на ниво на државата особено на неколку градови во кои е загаден амбиенталниот воздух со цел воведување на други транспортни средства.

„Меѓутоа јавното претпријатие за транспорт и градоначалникот на Град Скопје укажаа дека не се подготвени да обезбедат дополнителни средства за транспорт и затоа Владата размислува во тие среднорочни и долгорочни мерки за решение со транспортот на ниво на државата особено на неколку градови во кои е загаден амбиенталниот воздух со цел воведување на други транспортни средства“, истакнува Изаири.

Александра Бујароска од организацијата „Фронт 21/42 нагласува дека секоја година се предлагаат мерки и на крајот се прифаќаат само оние кои се однесуваат на здравјето на луѓето, а останатите остануваат како препорака и покрај тоа што загадувањето е вонредна состојба, која не се третира така. Таа смета дека треба да се работи во секој сектор кој придонесува кон загадувањето.

„Тоа е сообраќајот, индустријата, загревањето и градежништвото. Тие се секторите кои и по закон се признати загадувачи на воздухот. Треба стратешки да се пристапи кон сите загадувачи истовремено со цел да се намали вкупното загадување. Вие за да имате намалување на загадувањето треба кон сите извори да пристапите со мерки, а не парцијално решавање или обид на решавање со пар-непар што нема да донесе намалување на загадувањето“, вели Бујароска.

На прашањето дали се размислува освен за препораки за спроведување некакви забрани, Изаири нагласува дека Законот за амбиентален воздух го дозволува тоа и Владата може да спроведе такви мерки. Бујароска додава дека Изаири не се залага доволно и министерството се смета за неважно.

„Он е тој кој што во име на граѓаните и на граѓанските организации треба да се избори пред Влада тие мерки да бидат прифатени. Не може секоја година она што предлага министерството да се зема како на шега. Треба да им каже дека сериозна е ситуацијата и да им ги покаже статистиките на Светска Банка колку ја чини Македонија загадувањето и да претстави дека земјата е на ниво на Шангај и Пекинг и да се замислат малку,“ вели Бујароска.

Таа додава дека многу несериозно се третира целиот случај од страна на Владата и развиените земји се тие кои што имаат здрав воздух, а Македонија ќе почека да дојде време за тоа.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG