Достапни линкови

logo-print

Забрана за руски атлетичари на Олимпијадата во Бразил?


На руските атлетичари би требало да не им се дозволи да се натпреваруваат на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во август годинава бидејќи немало доволно време за да се проверат наводите за нивно кршење на правилата за допинг. Ова го изјави Тревис Тајгард, извршен директор на американската Антидопинг агенција. То додаде дека Русија не преземала суштински мерки за да ја среди ситуацијата по откривањето дека спроведувала државно спонзорирана допинг програма. Руската федерација е привремено суспендирана од Светската атлетска асоцијација во ноември лани откако беа откриени документи за допингување атлетичари поддржано од државата.

XS
SM
MD
LG