Достапни линкови

logo-print

Средба Кери, Лавров за Украина и Сирија


aмериканскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

aмериканскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 19 јануари во Цирих на разговори за конфликтите во Украина и Сирија. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби ја потврди средбата и додаде дека американската страна изразила загриженост за руската тактика во конфликтот во Сирија. Кери побарал од Русија да изврши притисок врз сирискиот режим за да дозволи хуманитарна помош за луѓето кои се во блокирани делови од страна на сириската армија.

XS
SM
MD
LG