Достапни линкови

logo-print

Груевски денеска поднесува оставка


Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски, како што најави во вчерашното обраќање до јавноста, денеска ќе ја депонира оставката кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски како дел од договорот од Пржино за решавање на политичката криза во земјата. Според тој договор, преодна влада треба да биде формирана најдоцна до денеска за да можат вонредните избори да се одржат на 24 април. На синоќешната сеница на Централниот комитет на владејачката ВМРО ДПМНЕ беше донесена одлука за премиер на преодната влада да биде предложен Емил Димитриев, сегашен генерален секретар на оваа партија.

XS
SM
MD
LG