Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ и ОДИХР - Договорот од Пржино да се реализира


Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниери и директорот на ОДИХР Мајкл Георг Линк денеска ги повикаа лидерите на политичките партии во Македонија да дејствуваат во интерес на сите граѓани во земјата и да ги преземат сите потребни чекори за да обезбедат целосна и навремена реализација на сите елементи од договорот во Пржино.

Во соопштението од ОБСЕ, Заниери и Линк потенцираат дека процесот е во значаен период оваа недела и повикаа на целосно имплементирање на договорот вклучувајќи го и формирањето на привремена влада и назначување премиер во согласност со рокот предвиден со договорот и одржување предвремени парламентарни избори на 24 април 2016.

„Политичките лидери и претставници мора да останат посветени на целите од договорот вклучувајќи го и одржувањето на предвремени парламентарни избори во април“, рече директорот Линк.

ОДИХР, како што се наведува во соопштението, веќе започна со подготовки за воспоставување голема набљудувачка мисија. Набљудувањето, како што стои, може да одигра многу важна улога во промовирање на довербата кај гласачите за време на избирачкиот процес и во начинот како тие ќе бидат спроведени.

XS
SM
MD
LG