Достапни линкови

logo-print

Премиерот Груевски утре ќе си поднесе оставка


Премиерот Никола Груевски утре до Собранието ќе поднесе писмо со оставка, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори. Тој во обраќање во Владата вечерва рече дека се држи до Договорот од Пржино за излез од кризата, а дел од тој договор е и повлекувањето на премиерот на 100 дена пред изборите. Според Договорот од Пржино рокот да замине од функцијата истекува утре.

Груевски рече дека тие ги испочитувале сите обврски од договорот, но дека СДСМ со нивните изјави фрлаат сенка врз договорот за да се држи земјата во криза и конфликтност и да се оспори правото на народот да се изјасни кој сака да ја води државата.

„Македонија мора да оди напред и ние со народот ќе се избориме за тоа. Вие народот на Македонија сте нашата потпора и јас ова го правам за вас. Вие сè знаете, никој не смее да ве потценува, вие одлучувате. Јас на следните избори нема да губам време на стари препукувања. Ќе се фокусирам на сериозните прашања и планови, мојата програма ќе биде за тебе, за твоето семејство. Јас стојам на зборот. Изборите на 24 април ќе го тргнат облакот на неизвесност. Денес правам важен чекор за вас и едвај ги чекам сите разговори со вас“, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG