Достапни линкови

Германски политичар испрати автобус со бегалци до Меркел


Автобус со 31 бегалци од Сирија е на пат од јужна Германија кон Берлин, откако локалниот политичар Петер Драер од областа Ландсхут ја спроведе најавата дека ќе ѝ ги испрати бегалците на канцеларката Ангела Меркел ако во неговата област веќе нема да може да обезбеди сместување за нив. Во Германија расте загриженоста за тоа како ќе се справи со 1,1 милиони азиланти кои пристигнаа во земјата минатата година. Драер рече дека сака да испрати порака дека „политиката кон бегалците не може да продолжи вака“. Минатата година тој ја предупреди Меркел дека Ландсхут до максимум ги искористил капацитетите за сместување на баратели на азил. Луѓето што се испратени со автобусот веќе добиле азил и доброволно го прифатиле патувањето.

XS
SM
MD
LG