Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски до крај да ја спроведе истрагата за возачките дозволи


ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе кривична против одговорните во германската компанија која ги произвела и испорачала обрасците за возачки дозволи, кои имале несоодветни сериски броеви.

ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата на денешната прес-конференција, го охрабрува, како што се наведува, технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски до крај да ја спроведе истрагата и во најкус можен рок да ѝ објасни на македонската и германската јавност зошто германската компанија одлучила да изработи по втор пат бланко обрасци за возачки дозволи со исти сериски броеви.

„Оливер Спасовски денеска уште еднаш покажа колку е неспособен и се посрамоти себеси и партијата која ја претставува и докажа дека не е министер за внатрешни работи туку е дел од Фабриката за продуцирање афери на СДСМ“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG