Достапни линкови

logo-print

Еден од уапсените Руси во Турција веројатно е поврзан со ИД


Руските власти се сомневаат дека еден од тројцата руски државјани, уапсени во Турција по експлозијата во Истанбул, е поврзан со Исламска држава, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова. Таа прецизира дека станува збор за Ајдар Сулејманов.

Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала претходно изјави дека се уапсени седум лица под сомнение за вмешаност во самоубиствениот напад, кој беше изведен од припадник на Исламска држава.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера изјави дека бомбашот-самоубиец во Турција влегол од Сирија како бегалец. Тој наведе дека неговото движење не било надгледувано, бидејќи не бил ниту на една листа.

Бомбашот-самоубиец, кој во вторник го активира експлозивот што го имал на себе во центарот на Истанбул, усмрти 10 странски туристи, а повреди 15 лица, идентификуван е како Сириецот Набил Фадил (28), роден во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG