Достапни линкови

Порошенко - Годинава ќе го вратиме суверенитет врз источна Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко вети дека ќе го врати државниот суверенитет врз истокот на земјата во текот на оваа година.

„Украинскиот суверенитет врз окупираните територии во регионите на Доњецк и Луганск мора да биде вратен“, рече денеска тој.

Порошенко додаде дека обезбедувањето на враќањето на Крим од руска контрола е приоритет, велејќи дека „деокупацијата“ на полуостровот што беше анектиран од Русија во март 2014 мора да се спроведе преку меѓународни механизми со помош од ЕУ и САД. Тој рече дека Украина ја зајакнала својата одбрана и оти „непријателот ја губи волјата да продолжи со офанзивните активности против Украина“.

„Во јануари 2015 имавме цел да преживееме, а во јануари 2016 целта е да успееме“, рече тој и додаде дека се надева оти сите ја разбираат разликата.

Во борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина загинале повеќе од 9100 луѓе од почетокот на конфликтот во април 2014 година.

XS
SM
MD
LG