Достапни линкови

logo-print

Иран ја ограничува нуклеарната програма


Иран го отстрани јадрото на нуклеарниот реактор во Арак, како дел од обврските на Техеран според договорот со шесте светски сили, јави државната иранска телевизија. Портпаролот на Иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, денеска рече дека меѓународните инспектори сега треба да го потврдат чекорот пред да го пратат својот извештај до Меѓународната агенција за атомска енергија. Според нуклеарниот договор постигнат во јули, Техеран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека укинувањето на санкциите веројатно ќе се случи во наредните денови, откако Иран ќе го онеспособи нуклеарниот реактор во Арак.

XS
SM
MD
LG