Достапни линкови

Турција гранатирала цели на ИД во Ирак и во Сирија


Турција соопшти дека гранатирала цели на Исламската држава во Ирак и во Сирија по самоубиствениот бомбашки напад што оваа недела се случи во Истанбул, при што убила 200 милитанти. Премиерот Ахмет Давутоглу денеска соопшти дека турските вооружени сили нападнале 500 позиции на Исламската држава со артилерија и тенковски оган во изминатите 48 часа. Тој рече дека Турција исто така ќе извршува воздушни напади против екстремистите и ќе го задржи својот „решителен став“ сѐ додека милитантите не ги напуштат граничните области.

Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул на 12 јануари беа убиени 10 германски туристи. Турските власти соопштија дека бомбашот влегол во Турција од Сирија како бегалец.

XS
SM
MD
LG