Достапни линкови

logo-print

Ванхауте очекува договор за медиумите и за избирачкиот список


Посредникот во разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии, Питер Ванхауте, денеска, пред почетокот на средбата во Клубот на пратениците, рече дека очекува денеска или најдоцна утре, пред средбите на еврокомесарот Хан во Скопје, да биде постигнат договор за прашањата поврзани со медиумите и избирачкиот список.

„Денеска ќе разговараме за методологијата за избирачкиот список и за медиумите. Очекувам конструктивна соработка од сите партии. Се надеам дека денеска ќе бидат решени овие прашања“, рече Ванхауте посочувајќи дека разговорите би можеле да траат во текот на целиот ден дури и утре доколку е потребно.

Запрашан дали смета дека премиерот Груевски ќе го испочитува рокот и ќе поднесе оставка, Ванхауте рече дека не се сомнева оти премиерот ќе го испочитува договорот од Пржино.

Во Клубот на пратениците пристигнаа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА кои се вклучени во разговорите за прашањето за медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.

XS
SM
MD
LG