Достапни линкови

logo-print

Само пет згрижувачки семејства во Битола


Расте бројот на деца кои имаат потреба од згрижување, но во Битола има по едно згрижувачко семејство на 12 илјади жители. Се води кампања за зголемување на бројот на вакви семејства, но засега нема поголеми резултати.

Битола има над 60 илјади жители, а само пет згрижувачки семејства. Тоа значи по едно на 12 илјади жители што е многу мал број во споредба со други градови од внатрешноста кои имаат помалку жители, но повеќе згрижени деца. Центарот за социјални работи од Битола води кампања за да го зголеми бројот на вакви семејства.

Центарот за социјална работа се грижи оваа алтернативна форма да ја промовира во Битола и да направиме една подобра мрежа на згрижувачки семејства. Но, не можам да се пофалам со импозантна бројка.

„Центарот за социјална работа се грижи оваа алтернативна форма да ја промовира во Битола и да направиме една подобра мрежа на згрижувачки семејства. Но, не можам да се пофалам со импозантна бројка. Ако во претходниот период имавме шест семејства, а сега имаме пет семејства каде се сместени седум деца. Во другиот центри низ Македонија имаме згрижено 34 деца и тоа во Македонски Брод, Крушево и Охрид“, вели Виолета Гаџовска, директорка на Центарот.

Таа додава дека во последните години расте бројот на деца кои имаат потреба од згрижување.

„Основната причина е порастот на деца кои се злоупотребувани од нивните родители. Од друга страна остануваат и без родителска грижа имајќи ја во предвид економската ситуација во која се наоѓаат нивните родители. Воедно, се зголемува и бројот на семејства каде дисфункционалноста е основниот проблем, дали родителот зема психотропни супстанци, дали е зависник од алкохол или е на издржување казна затвор.“

Сепак, малиот број на згрижувачки семејства се должи и на предрасудите.

„Во однос на Битола за незаинтересираноста има предрасуди за примање на деца во нивни семејства, стереотипи во однос на овие семејства. Но да се знае дека едно дете кое до пред згрижувањето не знаеше што е вода, косата му беше полна со вошки, денес е одличен ученик, пример во одделението каде учи“, вели Гаџовска.

Покрај основите згрижувачки семејства неопходно е да се јават и интервенти и специјализирани.

„Интервентните згрижувачки семејства ни се многу важни кога имаме дете жртва на семејно насилство или злоставување, или го оставаат родителите и ние мораме во моментот да имаме на располагање каде тоа дете ќе го сместиме во рок од 30 дена. Специјализираните згрижувачки семејства кои прифаќаат и се обучени да работат со деца со асоцијално однесување и со воспитни проблеми. Во Битола нема ни едно такво, а и на ниво на Македонија не се многу“, додава Гаџовска.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG