Достапни линкови

logo-print

Невладини организации бараат одложување на изборите


Повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи упатија заедничко писмо до еврокомесарот Јоханес Хан и другите меѓународни фактори во кое бараат одложување на предвремените парламентарни избори сè до моментот додека не бидат исполнети суштинските елементи на Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите.

„Во овој момент не се исполнети клучни услови, ниту постои поволна атмосфера за одржување фер, слободни и демократски парламентарни избори кои ќе ја вратат довербата на граѓаните дека во Македонија е возможно слободно да се одлучува и дека граѓанската одлука ќе биде испочитувана од институциите и од сите политички партии. Притоа, потсетуваме дека целосното спроведување на Договорот од Пржино треба да означи крај на најдлабоката политичка криза во државата од 2001 година наваму и да резултира со одржување фер, слободни и демократски избори“, се вели во писмото.

XS
SM
MD
LG