Достапни линкови

Коендерс - Политичката криза се одразува на европските реформи


Холандија е сериозно загрижена за кревката политичка ситуација во Македонија, која се одразува и на реформскиот процес за приближување кон ЕУ, рече денеска холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, зборувајќи за приоритетите на холандското претседателство со ЕУ кое почна на 1 јануари.

„Во однос на процесот за стабилизација и асоцијација со поранешната југословенска Република Македонија, ние сме сериозно загрижени за кревката политичка ситуација во Македонија, која се одразува и на реформскиот процес за пристапување во ЕУ. Имплементацијата на политичкиот договор од јуни/јули 2015, слободни и фер избори во април 2016, како и спроведувањето на итните реформски приоритети на Европската комисија, според наше мислење, се од клучно значење за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем“, рече тој.

XS
SM
MD
LG