Достапни линкови

Дневен печат - Груевски во САД, Хан во Скопје


Премиерот Никола Груевски во посета на Вашингтон.
Премиерот Никола Груевски во посета на Вашингтон.

Посетата на премиерот на САД и средбата со Бајден и најавената посета на еврокомесарот Хан од кого се очекува да стави печат на договореното во Пржино се доминантните теми во весниците.

Експресната посета на Груевски на САД и дали на 24 април ќе има вонредни парламентарни избори, се двете доминантни теми во домашниот печат во изминативе денови.

Подготовките за избори почнаа, датумот засега виси - на политичката сцена се води дебата за презакажување на гласањето, ОБСЕ-ОДИХР објави повик за ангажирање консултанти за изборите на 24 април.
Утрински весник.

Во текстот со наслов: „Груевски итно во САД, европратениците во Скопје“ Утрински пишува дека неделава се очекува расплетот на драмата дали на 15 овој месец Македонија ќе добие техничка влада со нов привремен премиер.

Слободен печат излезе со наслов: „Груевски за партнерство, Бајден за ʼпржинствоʻ“. Истиот весник објави статија на австриски Дер стандард со наслов: „Груевски во Вашингтон си ја спасува кожата“, а Вечер одговори: „Нервозата, паниката и фрустрацијата на СДСМ ги тера опозициските медиуми на лаги и евтини спинови“, при што тврди дека насловот во Дер стандард всушност не бил став на весникот туку дел од изјавата на Сашо Орданоски за тој весник.

И Утрински ги толкува изјавата на Груевски и краткото соопштение од Белата Куќа за средбата, па оди со наслов: „Груевски виде поддршка, Бајден обврска“. А во меѓувреме, како што напиша весникот, „Сите го чекаат Хан“, чија посета „треба да даде одговори на неколку прашања за излезот од политичката криза“. За Вечер, „Хан треба да стави печат на договореното во Пржино“. „Подготовките за избори почнаа, датумот засега виси - на политичката сцена се води дебата за презакажување на гласањето, ОБСЕ-ОДИХР објави повик за ангажирање консултанти за изборите на 24 април“ - наслови Утрински. Повикот на ОБСЕ за избор на консултанти, Вечер го објавува дури со подбивен наслов: „Ало, комуњари - ОБСЕ реши: Избори на 24 април!“

Инаку, сите печатени медиуми го објавија делот од интервјуто на Заев за Телма каде што тој вели дека условите за избори се поважни од датумот. Како реакција, Вечер објавува непотпишан текст со наслов: „Договорот од Пржино јасен - Ако нема цврсти гаранции за избори на 24 април, нема да има повлекување на Груевски“. Дневник објави мислење на двајца поранешни членови на ДИК, Влатко Сајковски и Александар Новаковски, дека „Во април може да се спроведат кредибилни избори“ затоа што ДИК имала полн капацитет за тоа.

Во меѓувреме, Ермира Мехмети се дистанцира од ДУИ бидејќи не успеала во партијата да се избори за реформите за кои оценува дека се неопходни - информира Утрински. И Нова Македонија ги забележува партиските прегрупирања: „Наспроти тивкото проветрувања во ВМРО-ДПМНЕ, во ДУИ деновиве се случуваат отворени и жестоки пресметки во највисоките структури во Партијата“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG