Достапни линкови

logo-print

Еврокомесарот Хан заедно со политичките лидери треба да даде одговор на тоа кога ќе има избори, дали Груевски ќе си даде оставка, како и да се договорат за медиумите и избирачкиот список.

Еден ден пред посетата на еврокомесарот Јоханес Хан на политичката сцена се води полемика за можноста од презакажување на изборите, а неизвесно е и дали премиерот Никола Груевски ќе ја поднесе својата оставка за да може потоа да се формира техничка влада. Она што е јасно е дека политичката работна група составена од претставниците на четирите најголеми партии презема нови чекори и продолжува со преговори. Како што соопшти посредникот во разговорите Питер Ванхауте ќе одржуваа средби додека не се постигне договор за медиумите и за промени и проверка на избирачкиот список.

За жал воспоставена пракса е политичките елити секогаш кога не може да се договорат за нешто, тоа да го очекуваат да им го сервира меѓународната заедница. Така што ако тоа веќе станува воспоставена политика, тогаш и лежерноста од нивна страна е разбирлива затоа што не може сами да се договорат и тоа го очекуваат од нашите меѓународни партнери.

Но партиите очекуваат дека присуството на Хан ќе донесе одговори на клучните прашања за излез од политиката криза. Ставајќи ја посетата на Хан во контекст на некој од кој се очекува да ги реши проблемите експертите велат дека тоа не е ништо ново, бидејќи ова е начинот како подолг период функционира Македонија.

„За жал воспоставена пракса е политичките елити секогаш кога не може да се договорат за нешто, тоа да го очекуваат да им го сервира меѓународната заедница. Така што ако тоа веќе станува воспоставена политика, тогаш и лежерноста од нивна страна е разбирлива затоа што не може сами да се договорат и тоа го очекуваат од нашите меѓународни партнери“, коментира аналитичарот Алберт Муслиу.

Опструкции, импровизации и изиграни рокови е оценката на јавноста за исполнувањето на политичкиот договор. Со оглед дека сите обиди да се опструра Договорот од Пржино наидоа на силна интервенција од САД и ЕУ, експертите велат дека во пржинскиот процес присуството на Хан може да го активира напредокот кон решение.

„Еврокомесарот не доаѓа во Македонија за да констатира дека нема напредок. Дали премиерот ќе замине, дали ќе биде договорен друг термин за избори, дали ќе биде договорено друго темпо за работа на ДИК. Во секој случај јас очекувам дека ќе бидат договорени многу значајни прашања од кои што понатаму ќе нема отстапувања“, вели професор Никола Дујовски.

Алберт Муслиу нагласува дека главното прашање е дали со предвремените избори ќе се обезбеди кредибилен процес, а дека датумот е само еден аспект од договорот.

„Подолг период константно имаме различни ставови од двете страни и реално е да се очекува дека Хан како условно речено во моментот пообјективен во врска со целиот овој процес да го каже тоа последното, дали се условите исполните и дали има време да се исполнат сите потребни услови за изборите кои се закажани за 24 април да се одржат на начин кој е потребен. Да не заборавиме овие избори не се цел, туку се алатка за враќање на довербата на сите учесници во процесот во изборниот процес“, вели Муслиу.

За ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува 24 април како важен дел од договорот. Ист став има и нивниот коалициски партнер ДУИ. Во СДСМ пак сметаат дека засега нема услови за фер избори. Според нив треба да се утврдат конкретни термини кога ќе се стигне со избирачкиот список и кога ќе се постигне договор за медиумите и според тоа да се утврди датумот за изборите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG