Достапни линкови

Тероризмот се приближува до Македонија


Безбедносните закани не треба да се игнорираат, оти опасност од терористички напади постои, бидејќи Македонија е дел од глобалната антитерористичка коалиција, а и од земјава се регрутираат борци за странски боишта.

Терористички напади се случуваат во близина на Македонија. По нападот во Истанбул во вторникот се поставува прашањето какви се безбедносните заканите за Македонија. Иако упативме писмени прашања до МВР на оваа тема уште во текот на вчерашниот ден, одговор се уште нема.

Не треба да се исклучува можноста дека нешто такво слично може да се случи и во Република Македонија, иако ние се уште во овој момент не сме се наишле на ударот на овие терористички организации, меѓутоа со самото тоа што сме членови на таа антитерористичка коалиција, опасноста од такво нешто постои.
Стојан Славески, универзитетски професор.

Универзитетскиот професор Стојан Славески вели дека се терористички напади се случуваат сè поблиску до земјава, ако порано тоа беше во Сирија, Ирак, некаде во западна Европа или во Америка, сега имаме терористички напади и во нашето соседство, вели Славески.

„Не треба да се исклучува можноста дека нешто такво слично може да се случи и во Република Македонија, иако ние се уште во овој момент не сме се наишле на ударот на овие терористички организации, меѓутоа со самото тоа што сме членови на таа антитерористичка коалиција, опасноста од такво нешто постои, впрочем за ова веќе имаше одредени најави од Исламска држава преку видеа во кои најавуваа дека вакви терористички напади ќе се изведуваат и во земјите од западен Балкан, каде што се наоѓа и Република Македонија“, вели Славески.

Бомбашот самоубиец одговорен за нападот во Истанбул во вторникот, влегол во Турција како бегалец од соседна Сирија. Професор Славески вели дека сепак во Македонија поголема опасност има од македонските државјани кои од разни причини одат на боиштата во Сирија и во Ирак, отколку од некои од мигрантите кои транзитираат низ земјата.

„Затоа што за изведување на еден таков терористички акт потребна е и логистичка поддршка и експлозив и познавање на средината и познавање на луѓето, одбирање на целта итн., значи без домашна логистичка поддршка таков терористички напад не е можно да биде извршен, а во таа смисла нашите безбедносни разузнавачки служби, полицијата мора да соработуваат со нашите пријателски земји со нивните разузнавачки служби и да ги разменуваат информациите и превентивно да дејствуваат за да се избегне ваков акт ако се подготвува.“

Борците на организацијата Исламска држава често упатуваат закани преку видео пораки, меѓудругото и до, како што велат, „неверниците“ на Балканот.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG