Достапни линкови

logo-print

Повторно одложено рочиштето за „Пуч“


Основниот суд Скопје 1 го одобри барањето на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за одложување на рочиштето за случајот „Пуч“ во кој е обвинет лидерот на опозицијата Зоран Заев. Јанева побара одложување за 2 март затоа што, како што истакна, потребно е повеќе време за увид во доказите кои се доставени во судот. Таа побара судот да и ги предаде доказите или да и отстапи просторија во која заедно со својот тим ќе можат да извршат увид. Судијката посочи дека според закон не може да им ги даде доказите на странките на владение, но во текот на овој месец ќе и биде отстапен простор.

На рочиштето беа присутни сите обвинети- Заев, Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња, како и Бранко Палифров. Ова е второ одложување на рочиштето откако овој предмет го презеде Специјалното обвинителство. Во однос на другите предмети кои ги презеде Јанева, таа истакна дека рокот за донесување обвинителна одлука истекува на 15 март.

XS
SM
MD
LG