Достапни линкови

Подготовки за преземање на центрите на ИД во Сирија и Ирак


американскиот секретар за одбрана Еш Картер

американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Соединетите држави распоредиле специјални сили во Ирак кои се подготвуваат да ја вратат контролата врз центрите на милитантите на ИД во Ирак и Сирија, изјави американскиот секретар за одбрана Еш Картер. Американските сили ќе им асистираат на ирачките и на курдските борци во преземањето на градот Мосул во Ирак и на градот Рака во Сирија кои се сметаат за центри на ИД во овие држави. Картер додаде дека во наредната недела во Париз ќе се сретне со колегите од Франција, Австралија, Германија, Италија, Холандија и Британија за да добие поголема поддршка во претстојните борби.

XS
SM
MD
LG