Достапни линкови

logo-print

Експлозии и престрелки во Џакарта


Неколку експлозии и престрелки денеска биле забележани во близина на еден трговски центар во главниот град на Индонезија, Џакарта. Според полицијата, една од експлозиите била предизвикана од бомбаш самоубиец при што загинало најмалку едно лице. Новинските агенции повикувајќи се на сведоци јавуваат дека имало шест експлозии и престрелки. Една од експлозиите се случила во кафе ресторан на „Старбакс“. Во Индонезија деновиве беше покрената акција против луѓе поврзани со милитанти на ИД.

XS
SM
MD
LG