Достапни линкови

Украина се договори за реструктуирање на долгот со Сбербанк


Украинското Министерство за финансии соопшти дека бил постигнат договор со руската банка Сбербанк да се работи на реструктуирање на долгот од комерцијални кредити гарантирани од украинската влада. Сбербанк и две украински компании, Укравтодор и Државниот завод за дизајн Јужноје, „се согласиле заеднички да работат на порамнување на трансакцијата што поскоро“, соопшти денеска министерството. Премиерот Арсениј Јацењук во декември не кажа колкав е долгот, но оти Украина се обидува да го реструктуира.

XS
SM
MD
LG