Достапни линкови

Протест против контроверзен олигарх за премиер во Молдавија


Илјадници луѓе излегоа на протест во главниот град на Молдавија, Кишињев, против номинацијата на контроверзниот олигарх Влад Плахотниуц, за нов премиер на земјата. Денешните протести се во организација на движењето „Достоинство и вистина“, кое ги канализира антикорупциските и антиолигархиски чувства на многумина Молдавци. Плахотниуц, кој е еден од најбогатите луѓе во Молдавија, беше предложен за премиер од неговата Демократска партија. Тој треба да формира нова влада која ќе ја оконча политичката криза во земјата што почна во октомври минатата година, кога парламентот ја собори прозападната влада на Валериу Стрелет. Плахотниуц исто така важи за проевропски политичар, но околу неговото име има многу контроверзии. Критичарите велат дека го контролира судскиот систем во земјата и го користел неговото влијание неколку негови противници да бидат кривично гонети, вклучувајќи го и поранешниот премиер Влад Филат, кој чека на почеток на судењето за корупција.

XS
SM
MD
LG