Достапни линкови

Кери му се заблагодари на Иран за ослободувањето морнарите


Американскиот државен секретар Џон Кери му се заблагодари на Иран за соработката во ослободувањето на 10 американски морнари кои беа заробени поради влегување во ирански територијални води. Иранската револуционерна гарда претходно соопшти дека по нивното извинување, морнарите, девет мажи и една жена, се пуштени во меѓународни води во Персискиот Залив“. Гардата додава дека е утврдено дека влезот во ирански територијални води не бил намерен. Два мали американски воени брода со посада од 10 членови вчера влегле во ирански територијални води во близина на островот Фарси поради неисправен систем за навигација.

XS
SM
MD
LG