Достапни линкови

Нападнат тим за вакцинација во Пакистан, 15 загинати


Најмалку 15 луѓе загинаа, а околу 20 се ранети во самоубиствен бомбашки напад пред центар за вакцинација против детска парализа во градот Куета во југозападен Пакистан. Нападот се случил откако полицајци дошле да ги придружуваат здравствените работници на третиот ден од кампањата за вакцинирање против полио во Провинцијата Балучистан, чиј главен град е Куета. Повеќето од загинатите се полицајци. Организацијата Џундула, која се отцепи од пакистанските талибанци и ѝ стана лојална на Исламската држава, ја презеде одговорноста за нападот. Тимовите што работат на имунизација на децата од детска парализа во Пакистан често се мета на напади од милитантни организации, кои сметаат дека вакцинацијата е параван за западни шпиони или заговор за стерилизирање на пакистанските деца. Пакистан и Авганистан се единствените две земји каде што оваа болест не е искоренета.

XS
SM
MD
LG