Достапни линкови

logo-print

Грчките банки се повлекуваат од балканските земји


Грчките банки се во очекување на промените во работното законодавство на Грција, по што ќе ги објават своите планови за преструктуирање, кои ќе опфатат и затворање на нивите филијали во балканските земји, тврди атинскиот весник „Вима“. Весникот наведува дека по извршената трета докапитализација на грчките банки во изминативе три години, тие сега ќе се насочат кон мерки за штедење кои ќе вклучуваат отпуштање на вработени, затворање на експозитури и затворање или продажба на нивните банки-ќерки. Преструктуирањето на филијалите на грчките банки на Балканот може да биде со нивно затворање, продажба на други банки или со нивно спојување.

XS
SM
MD
LG