Достапни линкови

Русија не учествува на Самитот за нуклеарна безбедност


Русија соопшти дека нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност оваа година во Вашингтон. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека самитите за нуклеарна безбедност, кои имаат цел да спречат нуклеарен тероризам во светот, „си ја одиграле нивната улога“ и дека нивната политичка агенда е веќе исцрпена. Меѓународната агенција за атомска енергија мора да биде главна сила што ќе ги координира напорите за нуклеарна безбедност во светот, рече таа. Захарова додава дека Самитот се обидува да се меша во активностите на меѓународни организации, вклучително и агенцијата за атомска енергија, и ги наметнува „мислењата на ограничен број земји“ во меѓународните структури, што, според неа, е неприфатливо.

Наредниот Самит за нуклеарна безбедност е предвидено да се одржи на 31 март и 1 април во Вашингтон. Високи руски претставници учествуваа на претходните вакви самити – во Вашингтон во 2010, во Сеул во 2012 и во Хаг во 2014 година.

XS
SM
MD
LG