Достапни линкови

logo-print

Иран ги ослободи заробените американски морнари


Иранската револуционерна гарда ги ослободи десеттемина американски морнари, девет мажи и една жена, кои беа задржани поради влегување во ирански територијални води.

„По нивното извинување, тие се пуштени во меѓународни води во Персискиот Залив“, соопшти Иранската гарда, која додава дека е утврдено дека влезот во ирански територијални води не бил намерен.

Иранскиот адмирал Али Фадави претходно соопшти дека два мали американски воени брода со посада од 10 членови вчера влегле во ирански територијални води во близина на островот Фарси поради неисправен систем за навигација.

XS
SM
MD
LG